Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Честитка по повод 20 Септември, Ден на пензионерите

Партијата на пензионери, на сите пензионери во државата им го честита 20 Септември, Денот на пензионерите.

Во оваа пригода, сакаме да упатиме искрени честитки и да се заблагодариме на сите пензионери во нивната посветеноста, пожртвуваност и ентузијазам со кој тие придонесувале и се уште придонесуваат во градењето и опстојувањето на нашата држава.

Пензионерите, со своето знаење, истрајност и искуство се несебично вградени во основите на државата, и врз основа на овие трајни вредности Република Северна Македонија е самостојна држава, членка на НАТО и земја која се наоѓа на својот европски пат.

На Денот на пензионерите, уште еднаш јасно да нагласиме дека Партијата на пензионери како единствена парламентарна политичка партија која во сите свои темелни документи и пракса, како свој единствен интерес го има вградено добробитот на сите пензионери била, е и ќе биде доследен подржувач и бранител на пензионерските права.

Партијата на пензионери промовира политики кои имаат за цел стабилен пензиски систем и достоинствени пензии за пензионерите, уважувајќи ги реалните иницијативи кои доаѓаат од пензионерите а се однесуваат на подобрување на нивниот материјален стаус и економска сигурност.

Партијата на пензионери, ќе продолжи сите свои активности да ги усредсредува на изнаоѓање најповолно решение за подобрување на материјалниот стаус на корисниците на минимални пензии, без притоа да се загрози стабилноста на пензискиот систем и редовната исплата на пензиите на сите пензионери.

Партијата на пензионери во рамките на својата парламентарна активност, досега неколку пати иницира донесување на Закон за минимална пензија и во тој правец има подготвено Предлог Закон за минимална пензија и предлог на мерки за солидарна финасиска поддршка за пензионерите кои имаат помала од просечната пензија во државата.  Со своето активно учество во работната група на Министерството за труд и социјална политика, Партијата на пензионери до крај ќе се бори за издејствување на сите најдобри опции, за правата и привилегиите на пензионерите во рамките на правните нормативи на државата.

Партијата на пензионери исто така беше и најгласниот заложник за проширувањето на позитивната листа на лекови и ќе продолжи со залагањето за не плаќање на партиципација на највозрасните и најнемоќните пензионери со помали пензии од просечната

Партијата на пензионери е и секогаш ќе биде со пензионерите штитејќи ги нивните интереси, а не интересите на тие што манипулираат со изборите во Здруженијата на пензионери и СЗПМ кои нетранспаретно ги трошат финасиските средства од членарината на сите, а посебно на социјално загрозените пензионери, и со барањето за ревидирање и редефинирање на обезбедувањето на средствата за Солидарниот фонд и членарината за Здруженијата на пензионери.

Нашата порака е јасна и гласна, дека мораме да создаваме систем, според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и дека покачувањето на нивните пензии нема да зависи од ничија политичка волја или од тоа дали утре ќе има избори.

Затоа мораме уште еднаш, впрочем, како и секогаш до сега, да бидеме сплотени и општествено будни и одговорни и да не дозволуваме да разни сомнителни иницијативни одбори, потикнати и подржани од центри и пари кои никако не им мислат добро на нас и нашите деца и внуци, не раздвојат и да ја користат нашата зедничка моментална состојба за апсолутно непредвидлива и несигурна иднина на државата.

Нека ни е честит Денот на пензионерите и секогаш сме заедно за Вас и Вашата иднина.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content