Соопштенија

СТАВ на ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ во врска со протестот на група пензионери во Прилеп

СТАВ на ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ
во врска со протестите на групи на пензионери

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, со внимание, ги проследи протестите на групи пензионери, особено во врска со искажаните заложби за враќање на начинот на усогласување на пензиите како во време на владеење на ВМРО –ДПМНЕ, поради што искажуваме загриженост дека оваа политичка партија повторно со манипулации се обидува да придобие наклоност неинформираните пензионери, во функција на нивната политичка агенда која не нуди никакви реални и поволни придобивки за пензионерите.

Партија на пензионери секогаш и со разбирање ги проследува иницијативите, кои доаѓаат од пензионерите, доколку се остварливи и се однесуваат на подобрување на материјалниот статус и економска сигурност на пензионерите.

Според нашите анализи, компарирани со решенија што се применуваат во пензиски системи слични на нашиот, сегашниот модел на усогласување на пензиите кој ги следи трошоците на живот и пораст на платите е најреален и најповолен за сите корисници за пензија, со забелешка дека треба да се изнајде поповолно решение за корисниците на минимални пензии.

Во функција на таа цел, фокусна група за ПП се корисниците на најниските пензии, поради што, во рамки на коалицијата поведовме иницијатива и отпочнавме разговори со Владата за донесување ново законско решение за утврдување на достоинствен износ на минимална пензија, која во дадените околности би обезбедила посигурен живот на корисниците, без притоа да ја загрози стабилноста на пензискиот систем и редовната исплата на пензиите.

Партија на пензионери, исто така, изготви и предлог на мерки за солидарна финансиска подршка на пензионерите со примања до просечна пензија, како  решение кое би се применувало во сите случаи кога ќе биде загрозена егзистенцијаната стабилност на овие корисници на пензии.

Партија на пензионери, која посветено работи на изнаоѓање на решенија за овие прашања, апелира пензионерите да не наседнуваат на паушални и нереални иницијативи, зад кои всушност се затскриваат политички партии кои само сакаат да ги искористат маките на пензионерите за свои политички цели што немаат никаква поврзаност со пензионерите и нивните проблеми.

Во Скопје, 04.08.2023 година                                       ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content