Одбележување на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
На 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, се сеќаваме на неговата мисла и дело, кои се симбол за слобода, правда и рамноправност, идеали за кои борбата во светот сѐ уште трае.
Денес оддаваме почит на великанот на македонското револуционерно дело и на неговиот огромен придонес во создавањето на македонската државност, како и кон развојот на социјалната и солидарната свест на ова наше поднебје.
По тој повод, на 151 годишнината од неговото раѓање делегација на Партијата на пензионери, предводена од претседателот на партијата, г. Илија Николовски и генералниот секретар на партијата, г. Киро Ристовски оддадоа почит и положија букет свежо цвеќе пред гробот на Гоце Делчев, во црквата Св. Спас во Скопје.