Активности

Вонредно Изборно Собрание на Општинската Организација на Партијата на пензионерите на општината Аеродром

На ден 30.09.2022 година во општината Аеродром, во присуство на Илија Николовски претседателот на ПП и Киро Ристовски Генералниот секретар на ПП, Вангел Димков Организациониот секретар на ПП, се одржа вонредното изборно Собрание на ОО на ПП на Општина Аеродром.

По констатирањето дека е исполнет неопходниот број на присутни за полноважно работење и одлучување на вонредното изборно Собрание се работеше според предложениот дневен ред.

На почетокот на Собранието, претседателот на партијата претеникот Илија Николовски имаше воведно обраќање, при што информираше за реализираните стратешки политички цели на партијата и за актуелната политичка состојба во земјата и во регионот. Нагласи дека ПП на Република Северна Македонија  дека тежиште оваа година ќе бидат внатре партиските избори. Исто така нагласи дека се планира, по сеопсежни консултации на научни експерти, да се изврши ребрендирање на партијата, со вклучување на работниците и младите. Партијата се залага за донесување на Закон за минимална просечна и минимална пензија и пензиите редовно да се усогласуваат. Минималната пензија да биде 70% од минималната плата и минималната просечна пензија да биде 60% од просечната плата. Партијата се залага да на примателите на  минимална  пензија им се даваат финансиски социјални пакети.

За претседател на Општинската Организација на  едногласно е избран Бошковиќ Александа и истиот се обрати пред собранието, при што ги нагласи идните залагања и активизам во ОО. Исто така е избран Општинскиот одбор со 12 члена и надзорниот одбор од 3 члена.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content