Соопштенија

Партија на пензионери: Почеток на преговорите со ЕУ најдобра гаранција во остварување на националните интереси

Паратијата на пензионери е на став дека предлогот на француското претседателство и на Европската Комисија за отпочнување на пристапни преговори за влез на Република Северна Македонија во Европската унија треба да се прифати.

Сметаме дека понудената преговарачка рамка ги заштитува македонските државни и национални интереси во процесот на пристапување во ЕУ кои недвосмислено го утврдуваат македонскиот јазик и идентитетот на македонскиот народ без никакви дополнителни објаснувања.
Во предложената рамка ЕУ ни се обраќа нам, на Македонките и Македонците, и на сите граѓани на Северна Македонија со убедување дека историските и другите билатерални прашања се надвор од преговарачкиот процес.
Тоа е во согласност со програмските определби на Партијата на пензионерите за долгорочна заштита на идентитетот, на македонскиот јазик, на националната култура и културното наследство, а оставрувањето на членството во ЕУ е најдобра долгорочна рамка за гаранција во зачувувањето на тие наши националните интереси.
Оттука стоиме црвсто на ставот дека блокадата на овој процес од страна на опозицијата не е во согласност со стратешките интереси на народот.
Ја повикуваме Владата да ја прифати преговарачката рамка за одржување на првата меѓувладина конференција и да отпочне скринингот и отворањето на поглавјата како процес низ кој ќе се овозможи Северна Македонија да се доизгради, модернизира и зацврсти како  демократска, правна и праведна, економски просперитетна, социјално избалансирана, солидарна, функционална, стабилна и интегрирана европска држава.
Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Skip to content