Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Нова методологија за усоглазување на пензиите

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека договорил историско зголемување на пензиите на денешната средба претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите, со кое во просек буџетот на пензионерите ќе биде поголем за околу 12.000 денари на крајот на годината.

Владата и претставниците на пензионерите договорија промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите, како и дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни, поради енергетската криза и заради економската криза која произлегува, како од корона-кризата, така и од војната која што се води во Украина

„Со новата методологија, која ќе ги земе предвид 50% од трошоците за живот и 50% од просечната плата, пензиите континуирано ќе растат. На крајот на годината, во просек буџетот на пензионерите ќе е поголем за околу 12.000 денари. Воедно, со пакетот финансиска помош, речиси 330 илјади пензионери ќе добијат по 1.000 денари за март, април и мај“, вели Ковачевски.

Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци.

Со ова, додаде Ковачевски, ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт.
Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Skip to content