Активности

Соопштение од седница на Извршниот одбор на ПП

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), денес на седница на Извршниот одбор, донесе заклучок, повторно, со соопштение за јавност, поради децениската неефикасност во борбата против корупцијата и организираниот криминал, да ја искаже својата загриженост за состојбите во функционирањето на правосудниот систем и остварувањето на владеењето на правото и правдата, како и да даде поттик за ефикасно надминување на ваквата погубна состојба за граѓаните и државата.
Имајќи го во предвид виталниот интерес на своите членови и подржувачи, чиј придонес, труд и жртвување се втемелени во независна и суверена Македонија, Партијата на пензионери ја искажува својата загриженост за состојбите во функционирањето на правосудниот систем и остварувањето на владеењето на правото и правдата, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Недовербата на граѓаните во правосудниот систем и во борбата на државните институции против криминалот и корупцијата која е на засрамувачко ниво, е последен аларм и појдовна точка од која треба да се отпочне со создавање на потребна политичка атмосфера и преземање на решавачки мерки и активности за пресекување на негативните состојби и нивно искоренување.
Водени од фактите и потребата од итна и енергична акција за позитивни промени, ги повикуваме сите чинители на власта, политичките партии и НВО, секој во доменот на своите обврски, надлежности и можности, да преземат чекори кои ќе оневозможат поединци и групи да продолжат да ги разјадуваат темелите на правосудниот систем и на државата.
При тоа Партија на пензионери смета дека, во изборот на најсоодветниот модел на спроведување на ветинг и опции за донесување на Закон за утврдување на потекло на имотот, кој ќе ги опфати сите носители на високи политички функции, судии, обвинители, избрани и именувани функционери, доволно се водеше академска дебата. Сега е време за искрено делување и заедничка акција на сите политички субјекти од позицијата и опозицијата, за што ја имаат и ќе ја имаат подршката на ПП.
Само така на дело ќе ја покажат вистинска патриотска и политичка определба за демократски развој на државата и исполнување на условите за членство во ЕУ и само така нема да се дозволи спроведувањето на ветингот и прочистување во правосудтството да го прават истите оние кои својот напредокот во службата и стекнувањето високи функции ги трампале за сопствениот интегритет и професионалност.
Партија на пензионери смета дека одредените позитивни активности и направени чекори на актуелната власт за кривично гонење на актуелни високи функционери, се охрабрувачки и треба понагласено да продолжат.
ПП ја искажува и својата загриженост од отсуството на минимум политичка воља и подготвеност кај опозицијата за оградување од тешките криминални и коруптивни дела и осуда на нивните сопартијци кои се општопознати. “
Во Скопје, 20.01.2023 година                          ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ
Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content