ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: На 15 јули граѓаните нема да дозволат враќање на изолацијата и обнова на криминалниот режим
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се закана за членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ. Тие нудат само обнова на режимот.
ВМРО-ДПМНЕ е партија на олигарсите. За време на единаесетгодишното воадеење на ВМРО-ДПМНЕ се створи огромна разлика во однос на имотната состојба на граѓаните, 99% од граѓаните беа сиромашни. Наспроти нив богати беа само 1%. Од изјавите на Мицкоски и другите челници од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, се гледа дека тие цело време се ориентирани кон бизнис фелата и тоа богатата, олигархиска бизнис фела. Тие немаат сочувство за мали и ранливи луѓе и за средната класа. Тие цело време работат со крупниот капитал и за него. Малите и ранливите граѓани за нив се тесто за месење и гласачка боранија која ќе ја влечат за уши на гласање.
Додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт, минималната плата беше 8-9 илјади денари, а денеска е 14 500 денари. Платата на лекарите беше 30-40 илјади денари. По доаѓањето на власт на СДСМ и коалицијата дојде до 100 илјади денари. Просечната нето плата се приближи до 30. 000 денари, а просечната пензија до 15.000 денари. 12.000 стечајци добиваат месечен надоместок. Платите и пензиите и понатаму ќе растат. Концептот на СДСМ е „парите кај граѓаните.“ Концепт на ВМРО-ДПМНЕ е „парите кај крупниот бизнис“, кај олигарсите. СДСМ работи во служба на граѓаните. Негова цел е да се створи бројна средна класа. ВМРО-ДПМНЕ работи во служба на олигарсите. Негова цел е јакнење на крупниот бизнис кој е во рацете на олигарсите.
СДСМ има концепт на сигурност и извесност за подобар живот и повисок личен и општествен стандард во иднина. Наспроти него, концептот на ВМРО-ДПМНЕ носи неизвесност. Тој враќа назад во минатото, кон мрачни сценарија на режим, грабеж заробено судство и екстремно корумпирана администрација.
СДСМ за неполни три години владеење покажа дека знае да направи добри исчекори, да реализира проекти, да ги оствари националните интереси на државата и дека може тоа да го прави и понатаму и тоа повеќе и подобро.
Продолжуваме со нашата амбициозна цел за трансформација на економијата, за зголемување на конкурентноста , што ќе значи креирање на нови работни места, зголемување на минималната и на просечната плата, поддршка на инвестицискиот циклус, намалување на невработеноста до едноцифрена бројка, раст на БДП од најмалку 4 проценти. Покажавме во изминатиот период дека може да носиме тешки и стратешки одлуки за иднината на државата, да ја кренеме економијата, да ја спасиме државата од најцрните сценарија од здравствената и економската криза, а сега можеме да реализираме и други проекти за подобар живот. Во режимот се случуваше општ грабеж на државата и граѓаните од страна на власта, извршителите, арогантните и безмилосни газди, адвокатите нотарите и од кој уште не.
СДСМ и коалицијата донесоа сигурност. Стравот и несигурноста се минато. Влеговме во НАТО. Добивме одлука за преговори со ЕУ. Наскоро ќе ја добиеме и рамката за преговорите за прием во ЕУ.
Мицкоски и неговите компањони од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ навиваа да не се случи приемот во НАТО, да не започнеме преговори со ЕУ, а кога формално се случи приемот во НАТО, тој не смогна сили ниту да аплаудира и да го честита историскиот успех на државата.
Денес Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се закана за членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ. Тие нудат само обнова на режимот. Тие сакаат државата да биде изолирана, да ги манипулираат граѓаните со лажни митови и лажен патриотизам додека парите завршуваат во рацете на олигарсите и во белиот дворец.
Граѓаните тоа нема да го дозволат. На 15 јули тие ќе одберат да продолжиме на прав пат кон подобар живот, кон повисок личен и општествен стандард кон ЕУ и НАТО и нема да дозволат враќање на изолацијата и обнова на криминалниот режим.