Соопштение за свикување на Собранието на Р.С. Македонија
Партијата на пензионери го подржува барањето да се свика седница на Собранието на Република Северна Македонија.
Според член 5 од Законот за Собранието на Република Северна Македонија мандатот на пратениците трае од денот на неговото верификување до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници. Тоа значи дека пратениците имаат валиден мандат.
Во ова тешко време-невреме кога Републикава и целиот свет се соочи со пандемијата на опасниот и смртоносен вирус COVID -19 поради што во Републикава е прогласена и вонредна состојба, пратениците треба да се стават во служба на граѓаните кои им ја дале довербата да ги застапуваат и во нивно име да одлучуваат во законодавниот дом и треба да се состанат за да ги донесат потребните одлуки во врска со вонредната состојба.
Тоа од нив го бараат граѓаните, тоа од нив го бара татковината.