Соопштенија

Апел за ослободување од работни обврски на лицата постари од 65 години

Партијата на пензионерите смета дека постојат уставни основи за утврдување постоење вонредна состојба. Според член 125 став 1 од Уставот вонредна состојба  настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.  Непобитен факт е дека во Република Северна Македонија, со појавата и коронавирусот и неговото брзо ширење, немаме вообичаена редовна и мирна состојба, туку вонредна состојба поради епидемија на заразна болест. Вонредната состојба е од планетарни размери. Поради тоа Светската здравствена организација прогласи Пандемија. Имајќи го ова во вид Партијата  на пензионери го охрабрува Претседателот на Републиката доколку Собранието од било кои причини не е во можност да се состане во потребниот двотретински кворум за утврдување постоење вонредна состојба како што тоа го бара Уставот во член 125 став 3, да го искористи Уставното овластување од член 125  став 4 од Уставот и  да донесе одлука за постоење на вонредна состојба. Тоа е негова уставна обврска во однос на граѓаните кои со големо мнозинство го избраа во нивно име да ја претставува пред Светот нивната татковина Република Северна Македонија.

Со  утврдувањето постоење  на вонредна состојба ќе се створат услови за брза и ефикасна акција на органите на власта во преземање на мерки за заштита на граѓаните од големото зло  кое им се заканува на нивото здравје и животи.

Имајќи го во вид ноторниот факт дека од коронавирусост најмногу страдаат повозрасните граѓани Партијата на пензионери предлага лицата постари од 65 години, со одлука на Владата, да се ослободат од работните обврски во органите и институциите на Републиката, во единиците на локалната самоуправа и во трговските друштва.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прегледај исто така
Close
Back to top button
Skip to content