Активности

Одржано редовно собрание на партијата

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, на 07.03.2020 година, во Скопје одржа Редовно СОБРАНИЕ на ПП, на кое, покрај статутарни обврски, се разработени прашања и донесени одлуки и документи во врска со вонредните избори за Собрание на РС Македонија, кои ќе се одржат на 12.04.2020 година.

Партијата ја потврди определбата, на вонредните избори за Собрание на РС Македонија, на рамноправна основа, да учествува во коалицијата предводена од СДСМ.

Донесена е Програма за работа на ПП, како платформа за политичко дејствување на партијата во период 2020 – 2030 година.

Програмата ги определува црвените нишки на нашата стратегија за планираните политичка цели и активности со понуда за заедничко реализирање во рамки на коалицијата. Содржински, Програмата се темели на императивот за консензус во кој „човекот е на прво место”, разработена во програмски прилози за политики на партијата за достоинствена старост и пензии, за подобро здравство и здравје, социјални политики за солидарно општество, за образованието и младите, животната средина, како и  други сегменти кои се значајни за општествената заедница и државата.

Усвоен е извештајот за работењето на ПП, во период до одржувањето на седницата на Собранието, поднесен од Претседателот г-дин Илија Николовски.

ПП усвои листа на можни кандидати за пратеници од партијата, со која ќе настапи, во преговорите во рамки на коалицијата, при конечното оформување на изборните листи.

 

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Skip to content