3. Конгрес на Партијата на пензионери
„Почитувани дами и господа,
Другарки и другари, Драги сопратијци,
Почитувани гости и претставници на медиумите,
Не сум ни свесен дека поминаа десет години од основањето на нашата Партија, од кои неполни седум години сме и парламентарна партија. Тоа е јубилеј кој треба да се прослави, но и обврска да се направи анализа на работењето и да се сумираат остварените цели и потфрлања. Како лидер на Партијата сум горд, бидејќи успеавме да ги оствариме базичните цели кои ги поставивме при формирањето на Партијатаа по ,,Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија, име кое по извршените анализи и проценки во 2018 година го променивме во ПП.
Во ова прилика со посебно задоволство и чест ги поздравувам присутните основачи на Партијата и сите оние истрајни визионери кои ја подржуваа пререгистрација на Партијата повеќе пати досега..
Почитувани,
Партијата на пензионери, како што знаете, e основана, многу подоцна од воспоставувањето на повеќепартискиот систем во Република Македонија. Самиот почеток не беше ни малку лесен. Ги почуствувавме опструкциите, почетното игнорирање на двете најголеми политички партии во земјата, омаловажувања – за жал дури и од оние кои природно би тербало да бидат најблиски до нас, Сојузот на пензионери.
Од друга страна, во тоа време, и вкупниот политички амбиент во државата, беше полн со неизвесности и опструкции од сите страни, со блокадите за влез во НАТО и ЕУ.
Статутот и Програмата на Партријата се усредсредени на заштита и подобрување на правата на пензионерите и другите маргинализирани општествени групи без политичка обоеност. Политичкиот карактер на нашата Партија произлегува од содржината на Програмата која е недвослмилено социјално и демократски устроена.
Имено, нашата Партија е и останува автентичен и лигитимен претставник и застапник на политичките, социјални и граѓански права на сите сегашни и идни пензионери во Република Македонија.
Партијата, која акумулира огромно искуство и креативна енергија ги препознава и почитува сите добродетелни заложби во законските, политичките, меѓунардно-дипломатските чекори кои ги преземаат водечките претставници на државата Република Северна Македонија, со цел да остане доследна на своето, уважувана во светот и пред се од сите свои граѓани.
Но, сепак од осамостојувањето на Република Македонија па до сега ни една владеечка гарнитура не изврши корегирање на ускратените права на пензионерите што се покажува тажната вистина дека просечната пензија во однос на просечната плата од скоро 80% е за прв пат во историјата просечната пензија е помала минималната плата.
Досегашните власти законските барања на пензионерите најчесто ги третираа како неразбирливи и на тој начин, случајно или не, така се однесуваа и кон армијата од над 335.000 пензионери. Од друга страна СЗПМ наместо да ги штити правата на пензионерите се претвори во едно криминализирано владино милениче кој ги штити интересите на 1% од своето членство.
Во такви сложени општествено политички услови и длабока политичка, економска и социјална криза, Партијата недвосмислено, а членството во огромно мнозинство се придружи на процесите за демократизација и декриминализација на македонското општество. Поради тоа, а по соодветни анализи и консултации со базата на Партијата и пошироко, донесовме одлука да се позиционираме опозиционо и набргу пристапивме во коалиција со СДСМ.
Од тој момент ПП (ПОПГМ) активно учествуваше во сите активности кои ги организираше тогашната опозиција како и во активностите што ги организираше невладиниот сектор, при што раководството на Партијата имаше принципиелно и доследно однесување и ставови кои јавно ги пренесуваше во средствата за јавно информирање.
По тешката и , морам да признаам, крајно неизвесна борба заедно со тогашната опозиција предводена од СДСМ, од 31.12.2016 година ПП стана парламентарна партија. Со истата коалиција останавме до денешен ден.
За овој период од учеството во законодавната и локалната власт успеавме да реализираме најголем дел од нашите програмски цели, што со посебна гордост го истакнувам, како што се :
- Повторното враќање во примена на Чл.37 од Законот за ПИОМ, односно усогласување на пензиите двапати во годината со растот на трошоците на живот и порастот на платите. Оваа законско решение е едно од најдобрите во регионот и ние како партија секогаш ќе се залагаме, ова решение, како веќе стекнато право, во иднина да се применува задолжително.
- Поведовме иницијатива и успеавме да се извршат промени и дополни на Законот за безбедност на саобраќајот и границата за продолжување на возачките дозволи од 65 години се подигна на 75 годишна возраст.
- Исправање на неправдите кон една група на дискриминирани припадници на безбедносните служби , кои заминале под исти услови во пензија, а имале големи разлики во пензиите.
- Донесување на Закон за социјална пензија, за прв пат во нашата понова историја
- Се подобрија социјалните сервиси за заштита и помош на пензионерите,
- Донесувањето на законот за над 12.000 стечајци, исто така, беше предвидено и во нашата изборна програма,
- Укината е радиодифузната такса,
- Зголемена е минималната плата од 9000 во 2017 на 20.175 денари оваа година, што е зголемување над 100% Со тоа се откочува спиралата на раст на платите што позитивно влијае и врз идното реално покачување на пензиите. Иако ние како Партија сеуште не сме задоволни со таа динамика.
- Просечната плата во 2017 беше 20.000, сега е над 34.000, или
- Просечнана пензија беше 13.000, а сега е 19.100 што е зголемување за 35%. За жал, мора да констатираме дека поради брзиот раст на платите посакуваниот, односно очекуван сооднос плата-пензија е нарушен.
Како лидер на Партијат со гордост истакнувам дека успеавме самостојно, без ничија помош, и со волентерсо работење да ја развиеме Партијата на територијата на цела земја. Во скоро сите поголеми општини имаме своја инфраструктура. Во Партијата ни се приклучија и сега се истакнати активисти граѓани кои не се пензионери. Партијата станува претпознатлив политички субјект, кој освен пензиски политики промовира и политики од пошироко општествено значење и интерес, секогаш залагајќи се за прифаќање компромиси при остварување на националните и општите цели и интереси на граѓаните и државата.
Ние сме прва политичка партија во земјата која во својата Програма 2020-2030 промовира потреба од консензиално донесување на ,,Долгорочна стратегија за развој на земјата,, со јасно дефинирани државни и национални приоритети, кои нема да зависат од промени на политичките гарнитури на власт.
Секако, за мене најголема гордост преставува што како преставник на ПП во Парламентот учестував во донесувањето на стратешката одлука нашата држава постане дел од најмоќната воена и политичка алијанса во светот НАТО и сега македонското знаме се вее заедно со знамињата на САД, Велика Британија, Германија, Франција и останатите светски сили. Сега, нашата земја од корисник на услугите за мир и стабилност постан држава чија безбедност, одбрана и теритоијален интегритет се гарантирани од оваа Алијанса и земја која рамноправно учествува во креирањето, одлучувањето и спроведувањето на нејзините политики и одлуки.
За жал втората стратешка цел, отпочнувањето на преговорите за пристапување во ЕУ сеуште не е реализирана поради бугарското вето и нивните ирационални барања. Но, за жал и нашата опозиција има нерабрилив однос кон тоа прашање.
Во ова сложена воено-политичка ситуација, охрабрува фактот што нашата држава добива и ќе добива силна подршка за продолжување на европскиот пат од нашите најголеми и највлијателни стратешки партнери САД.
Оваа подршка од САД за целосно заокружување на процесот за членство во ЕУ е исклучително важно за иднината на земјата и на сите наши граѓани.
Токму затоа ПП цени и смета дека подршката за продолжување на европскиот пат е историска шанса и треба да се искористи сега. Затоа што немаме време за губење и затоа што не знаеме дали и кога ќе ја добиеме повторно.
Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон Европа. Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно, а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван идентитет, јазик и култура
Току затоа, ПП како одговорна партија смета дека треба да се продолжи без застој со напредокот кон ЕУ. Затоа започнатиот процес на неопходни реформи, измени, мерки и активности ПП ќе ги спроведе во интерес на граѓаните и државата заедно со своите коалициони партнери на чело СДСМ.
ПП ги повикува сите политички партии, НВО и други општествени чинители на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат. Од САД добивавме и добиваме силна подршка за европскиот пат на Македонија. Тоа е наш национален интерес поставен уште од независноста, но во актуелниот момент тоа значи трајно обезбедување европска иднина. Како што имавме и за НАТО.
САД се покрај нас од самиот почеток и таа помош не доаѓаше само декларативно туку беше целосна помош, многу финасии, многу средства инвестирани во реформи во многу области во земјата, од судски реформи, одбранбено-безбедносни, економски итн. Генерално и ние и САД сметаме дека многу е важно што нашата земја е првата држава од Западниот Балкан што го започна стратешкио дијалог со САД.
Во ова ситуација ВМРО ДПМНЕ треба да одлучи дали ќе се приклучи кон проевроскиот блок цела или во делови.
Токму затоа нашите стратешки партнери изразуваат загриженост поврзана со блокирањата на опозицијата. Доколку ние не продолжиме кон европскиот пат, доколку не ги направиме следните чекори, европеизацијата ќе запре и ние повторно ќе се најдеме во состојба на стагнација како она што ја имавме цели 10 години до 2016, и тоа многу опасно за нашата земја, за нејзината иднина.
Воопшто не беше лесен патот до тука измикнативе години, но ова е прв пат блокадата да не доаѓа од надвор, туку доаѓа од внатре, од дома, од опозицијата која дефакто е против сите процеси кои ја носат држава напред.
На патот кон ЕУ, ПП ќе ја подржи секоја борба против неефикасноста и стерилноста на првосудниот систем во спротиставување на корупцијата, која долгорочно ги уништува перспективите на земјата во сите области на живеење која резултира соо засрамувачки ниска доверба на граѓаните кон правосусдните органи.
Во таа борба ПП ќе подржи секоја иницијатива од било кого да доаѓа.
Можеби ВМРО ДПМНЕ ќе соберат капацитет за да можат да го согледаат сето ова како целина. Иако, до денес како дел од антиевропскиот пат предводен од проруската Левица и со константно блокирање, јасно е како позиционира оваа партија но, од друга страна, јасно е дека ВМРО ДПМНЕ има поединци, преставници на раководството кои не мислат како нивниот лидер и кои искрено, од срце сакаат земјата да го продолжи патот кон ЕУ.
Секако со постигнатото не сме задоволни и затоа во иднина многу поодлучно ќе се бориме за реализација на поставените цели и задачи во нашата Изборна програма, како што се:
- Да се донесат законски решенија за гарантирање дека пензиите ќе го следат порастот на платите, да се достигне и одржи правичен сооднос на просечната пензија со просечната плата и минималната пензија со минималната плата. Во таа насока јас како пратеник повеќе пати го поставувам прашањето за донесување на Закон за минимална пензија. Од оваа место ве уверувам дека ќе истрајам и таков Закон ќе биде донесен.
- Измени и допонувања на Законот за ПИОМ, односно луѓето со 10 години стаж и платени придонеси и 65 години старост да остварат право на пензија, како што е во земјите од Западна Европа. На оваа посебно ќе инсистиам во Парламентот.
- Еднократна или повеќекратна помош. на корисниците на пензии со понизок износ од минималната пензија (семејна, земјоделска и тн.)
- Ќе се залагаме, да се врати правото, со имотот и финасиските средства од солидарниот фонд да управуваат самите пензионери, а контрола и ревизија да вршат надлежните државни органи,
- Ќе се залагаме за изедначување на правата на пензионерите-инвалиди со правата на другите пензионери,
- Зголемување на лимитот за ослободување на пензионерите од партиципација за болничко лекување на 20.000 денари, а со тек на времето тотално ослободување, како што беше порано,
- Исто така, ќе се залагаме семејните пензии да се наследуваат во износ од 100%,
- Ќе се залагаме и во тоа ќе истраеме, секој корисник на старосна пензија да има право на исплата на пензија додека е во работен однос (приватен сектор). Такво право имаат пензионерите од Западна Европа.
- Ќе поведем иницијатива за законска можност за избор на замена на матичен лекар за пензионери кои подолго време престојуваат надвор од местото на живеење,
- Министерството за здравство конечно да почне со изработка на нова Листа на лекови на товар на Фондот за здрвствено осигфурување. Постоечката е од пред 15 години што е светски рекорд. Горд сум што повеќе пати тоа прашање сум го поставувал и конечно првите чекори се направени-формирана е комисија со цел да предложи Нова позитивна листа на лекови.
- Субвенционирање на лечење на пензионерите во приватни болници кога е тоа изнудено од виша сила (епидемии, немање капацитети во државното здравство итн.)
- Поширок опфат на пензионеритр и другите магинализирани групи во бесплатната вакцинација на сезонски болести,
- Да се спречи дикриминализацијата на пензионерите од страна на банките за давање на кредити, намалување на бројните провизии за се и сешто,
- Да се спречи дискриманизацијата на пензионерите од страна на осигурителните компании при осигурување на постари лица. Посебно да се укине повисокото должничко осигурување од автоодгворност кое се спроведува кон луѓето постари од 65 години, бидејќи тоа го нема кај соседните земји, а во многу земји премиите за постари лица се преполуваат,
- Субевенции за сместување во пензионерските домови и контрола на спроведувањето на критериумите за сместување во нив и
- Конечно, но не помалу важно, ПП е подготвена да изработи нов Предлог на Закон за измени и дополнувања на Законот за бранители и да побара подршка од другите парламентарни партии и конечно да се исправи неправдата која им е нанесена на една група на бранители .
Почитувани, најавувам дека, како политичка партија чии членови со право го носат знамето на социјална правда, поупорно ќе се бориме за подобар живот и иднина на сите генерации во Република Македонија, а особено за нас пензионерите. Нема да дозволиме да се дестабилизира пензисикиот систем, бидејќи општеството има обврска спрема сите оние што ја изградија оваа земја, градеа фабрики, болници, школи, пензионерски домови и тн. Токму поради тоа би сакал да потенцирам дека Партијата на пензионери во иднина, без разлика која партија ќе биде на власт, одлучно е недвосмислено ќе се залага за следните права на сегашните и идните пензионери и тоа:
Во реализацијата на поставените цели и задачи секогаш ќе ја имаме основната цел и интерес на Партијата и нејзините членови, а тоа се долготрајност, стабилност редовност и сугурност при остварувањето статусните и социјални права на нашето членство. За да го постигнеме тоа мора координирано да соработуваме со сите НВО кои се борат за социјална правда на сите маргинализирани општесвени групи во Република Македоноја.
Поаѓајќи од нашата политичка култура и ориентација секогаш ќе ги подржуваме политичките мерки и активности кои се насочени во правец на создавање на социјално одговорно општество – ,,ОПШТЕСТВО ЕДНАКВО ЗА СИТЕ,,.
Почитувани,
Во оваа прилика сакам да потенцирам дека како Партија сме исправени пред предизвикот да се издигнеме над проблемите, со личен пример да покажеме подршка на општиот и јавен интерес, да ги надвладееме суетите и едноставно да бидеме позитивен пример за сите во нашата татковина. Ние имаме обврска кон нашите наследници, деца и внуци, да бидеме рамо до рамо со оние кои го водат општеството во промени кои ќе значат отфрлање и надминување на лошото и прифаќање и подтикнување на доброто.
Промените за нас ќе значат и потреба од внесување нова енергија и идеи во политичката активност. Најавите за измени во изборните правила, нас не исправаат пред потребата да се прилагодиме и да ја подготвиме партијата за можен самостоен настап на избори на сите нивоа. Притоа, имајќи го вид потенцијалот на Партијата, ние мораме да стремиме кон повисоки цели и кон наша соодветна застапеност во сите структури и нивоа на власт во државата. Притоа за да ја оствариме таа цел ние треба да се менуваме во чекор, да го шириме духот на заедништво и сплотеност и да ги надминеме предрасудите и да го разбиеме меѓугенерацискиот јаз во нашето општество. Ве уверувам дека имаме огромни можности зашто нашето членство го одликува трудољубивост, чесност, посветеност на целите, солидарност, толеранција, скромност и истрајност. Во ова насока во името на сите членови на Партијата би сакал да ги повикам најодговорните политички субјекти власт и опозиција да соберат сили и одговорно и трансперентно да ја проценат состпојбата во која се наоѓаме и да превземат чекори за надминување и обезбедување на сите предуслови за пристапување на Република Македонија во европските интеграции, бидејќи тоа е во интерес на нашите деца и внуци и општ интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија.
Заради тоа, убеден сум дека ќе имаме поуспешна и поплодна работа во реализирањето на зацртаните цели, но и во остварувањето на неопходните политички промени кои за Република Северна Македонија и за сите нејзини граѓани ќе значат мирно, стабилно и еднакво општество за сите.
Да сте ми живи и здрави!
Да живее Република Северна Македонија!“