Соопштенија

Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на Востанието на Македонскиот народ

Партијата на пензионери, на сите граѓани им го честита 11 Октомври, Денот на Востанието на Македонскиот народ.

На овој ден, ја одбележуваме 83-та годишнина од почетокот на антифашистичката борба во Македонија, со која застанавме рамо до рамо со прогресивните сили во светот во тоа време.
На овој ден мораме да им оддадеме најдлабока почит и благодарност на сите борци и учесници во народно-ослободителното востание кои се вградиле во темелите на современата македонска државност.
Чествувајќи ја сопствената славна историја и слободата, ние современите генерации на македонски граѓани, ова наше востание мораме да го ставаме на пиедесталот на светлата историјата и реалноста во светло на вистината за слободна, самостојна, независна и суверена Македонија.

Нека ни е честит и вековит празникот 11-ти Октомври, Денот на Востанието на Македонскиот народ.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content