Активности
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Координативен состанок на Извршниот одбор на партијата
Денеска, 26.05.2020, во просториите на Партијата на пензионери се одржа координативен состанок на Извршниот одбор, на кој претседателот на ПП Илија Николовски ги информираше членовите на Извршниот одбор за политичката и здравстевна состојба во државата и последиците предизвикани од Пандемија на Корона вирусот.
Членовите на Извршниот одбор едногласно ги прифатија ставовите на коалицијата МОЖЕМЕ. Во врска со тоа констатираа дека ситуацијата во земјата е доста комплицирана, бидејќи имаме распуштено Собрание и техничка Влада со мандат за организирање предвремени Парламентарни избори на 12 Април годинава.
Во моментот ние сме единствената држава без Парламент, без политичка Влада и без одреден точен датум за избори. Токму заради тоа сите членови беа единстевни во ставот дека се потребни избори за обезбедување на целосно функционални институции, но истовремено да се заштити здравјето на граѓаните. Затоа изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и согласно состојбата со епидемијата, според препораките на надлежните институции.
Изборите се решение, а не проблем.
Барањата на некои политички субјекти за одлагање на изборите за есен ги цениме како незрели, неодговорни и несириозни. Да се бара нула број на новозаразени и починати е незрело и деструктивно, бидејќи такво нешто, никој во светот не може да гарантира.