Активности

Претседателот на Партијата на пензионери, г. Илија Николвски оствари работна средба со Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити

Претседателот на Партијата за пензионери, г-дин Илија Николовски, денеска во Министерството за здравство оствари работна срдба со Министерот за здравство г-динот д-р Фатмир Меџити.
На средбата, во пријателска и работна атмосфера, беа реафирмирани прашањата кои ПП во подолг временски период ги поставува пред Владата на РСМ, како проблеми од витално значење за пензионерите и сите граѓани од ранливите категории во општеството и тоа по следното:
– Зголемена е сумата за ослободување од партиципација за болничко лекување од 14.000 на 18.000 денари, при што ПП и во иднина ќе опстои на своите брања да оваа сума биде нивелирана во висина на минималната плата или просечната пензија во државата,
– До крајот на месецот ќе биде ажурирана и проширена позитивната листа на лекови со нови современи лекови за кардиоваскуларни и онколошки болести, како и други комбинирани лекови. Овој начин на проширување на позитивната листа на лекови ќе се одвива два пати годишно, за разлика од праксата во минатото кога истата не била проширувана и по 15 години,
–  Да се овозможи современа и подостапна терапија за болестите на простатата и катарактата, како болести кои најмногу ја погодуваат пензионерската популација.
Работната средба заврши со заеднички заклучок за продлабочување на соработката во интерес на пензионерите и ранливите категории на граѓани, кои претставуваат голем процент од популацијата во државата.
Партијата на пензионери останува посветена на решавање на сите горливи проблеми и изнаоѓање на практични решенија, не само за пензионерите туку и за сите граѓани во државата.
Со почит ,
Партија на пензионери
Чесно, Сплотено, Одлучно!
Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content