Активности

Отворена нова канцеларија на ПП во општина Аеродром

Почитувани,
Денеска, се отвори новата канцеларија на Партијата на пензионери во општина Аеродром.

Канцеларијата, свечено ја отвори Генералниот секретар на ПП, г-динот Киро Ристовски во присуство на Претседателот на ОО на ПП Аеродром, Драганчо Николов, повеќе членови на ИО на ПП, како и членови на ОО ПП Аеродром и почитувани гости.

Новиот простор, со сигурност ќе обезбеди повеќе можности за работа и дружење на сите членови на Партијата на пензионери од општината Аеродром и пошироко, со што дефинитивно ќе се допринесе и за целокупната пензионерска заедница.


Канцеларијата се наоѓа во зградата на Домот на пензионери Аеродром. Сите заинтересирани челенови на ПП како и сите граѓани од општината Аеродром се добродојдени со своите идеи и предлози за идното делување на ПП а во интерес на сите граѓани на државата.

Партија на пензионери
Чесно, Сплотено, Одлучно !

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content