ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Барање за слободен пристап до информации од јавeн карактер до политичка партија може да поднесе секое домашно или странско физичко или правно лице, и тоа за информациите кои се однесуваат на приходите и расходите на партијата. Листа на информации од јавен карактер е достапна тука. Пристапот до информацијата може да се побара писмено или усно.
За поднесување на барање по писмен пат потребно е да се пополни Барање за пристап до информации од јавен карактер во утврден образец (ЛИНК).
Писменото барање може да се поднесе по пошта, да се достави во архивата на Партија на пензионери или да се достави електронски по е-пошта: (Службено лице за посредување со информации од јавен карактер: Благојче Крстаноски; E-mail: blagojce.krstanoski@gmail.com)
Најдоцна во рок од 20 дена политичката партија треба да достави одговор до барателот по поднесеното барање за слободен пристап до информации.
Барателот има право на жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во рок од 15 дена од денот на приемот на одговорот на барање, односно 15 дена од истекот на рокот за одговор на барањето.