Годишна Седница на Централниот одбор на Партијата на пензионери

Денес, 28.11.2026 г., во Салонот 19:19 во Работничкиот универзитет “Кочо Рацин”- Скопје, се одржа годишната Седница на Централниот одбор на Партијата на пензионери.
На истата покрај редовните членови на Централниот одбор, Извршниот одбор и Претседателство на Партијата на пензионери присуствуваа и повеќе гости од Општинските организации на ПП од целата земја.
Свое обраќање имаше Претседателот на Партијата на пензионери, г-динот Илија Николовски, кој ги потенцираше сите актуелни активности во партијата и се осврна на сите аспекти на сегашното и идното делување на ПП, а во светло на општествените реалности во земјата и пошироко.
На седницата беше презентиран и Извештај за работата на Партијата, во сите свои домени, во периодот помеѓу две седници на Централниот одбор.
Беше извршен и избор на нови членови на органите на Партијата по следното:
За Претседател на Централниот одбор на Партијата, едногласно беше реизбрана г-ѓа Ленче Павловска како и Избор на нови членови на Централниот одбор на Партијата.
За потпретседатели на ПП беа избрани, г-ѓа Јелена Павловска и г-динот Вангел Димков.
Исто така беа избрани и нови членови на Извршниот одбор и Статутарната комисија на ПП.
Беше презентиран и Извештајот на Надзорниот одбор за финансиската работа на партијата за 2025 година како предлог за Финансискиот план за работа на ПП за 2027 година.
На крајот во отворена дискусија се расправаше по Извештајот на Претседателот на Партијата и Извештајот на Надзорниот одбор и едногласно се пристапи на нивно усвојување.
Како едни од главните заклучоци на Седницата на Централниот одбор, беше дека Партијата на пензионери и понатаму ќе остане принципиелно верна на своите програмски и статутарни определби за грижа и заштита на уставните права на сите граѓани и нивната социјална сигурност, демократската одговорност и нов политички пристап во решавање на општествените проблеми, доследно правно навремено и транспарентно решавање на аферите за трагедијата во Кочани и Алта банка. Исто така заклучено е дека мора да постои одговорна опозиција и потреба од политичка алтернатива во општеството, и дека младите мора да бидат новата општествена и политичка енергија на иднината на земјата.
Партијата на пензионери и понатака останува да биде глас на социјалната правда, генерациската солидарност и политичката одговорност.
Чесно, Сплотено, Одлучно !!!
Партија на пензионери
Галерија.



