Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Редовна седница на Извршниот одбор на Партијата на пензионерите

16 октомври 2026 година

На седницата беа разгледани повеќе актуелни прашања, меѓу кои и:

1.- Активностите на Претседателството на Партијата помеѓу два состанока и ставовите на Партијата во врска со висината на процентот на редовното усогласување на пензиите, како  и кои мерки и активности треба Владата да ги преземе за подобрување на социјалниот статус на најранливите категории на пензионери.

Во рамките на оваа точка беше разгледан и случајот на нелегалното преминување на границата, односно бегството од државата, од страна на осомничената Ива Михалова за сторено кривично дело и последиците по меѓусоседските односи со Република Бугарија.

Нејзиното двојно државјанство и етничко изјаснување како причина за следење на судскиот процес во судот во Кочани за сообраќајната несреќа со смртни последици, со нејзиното бегство од државата и недостапноста на судот, заедно со нагласениот политчки патернализам на бугарските  државни органи до највисоко ниво, прават случајот да се пресели од судските органи во полето на меѓудржавните политички пресметки,  закани и условувања.

Партијата на пензионерите укажува дека националната припадност и поседувањето друго , во случајов бугарско државјанство, не смее да служи како заштита од индивидуалната одговорност за сторено тешко кривично дело пред надлежните институции во нашата  држава.

Најавите и обидите  за развојот на случајот  да се  информираат меѓународните партнери, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа како и НАТО Алијансата може да уследат дури после енергична, брза и целосно спроведена истрага, што за жал не е случај.

Критиките на премиерот Мицкоски на адреса на Бугарија и изјавата дека

„случајот може да ѝ нанесе дипломатска штета на официјална Софија„ не и користи на истрагата ниту на правната разрешница на случајот .

Утврдувањето каде, кога, со кого и на кој начин Михаилова ја преминала границата е посебно важно прашање за истрагата, независно од постапката што веќе се води против неа за сообраќајната несреќа.

Различните изјави во рамките на Владата, по теркот на повеќе поранешни случаи, особено децидната изјава на поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов дека „Има сериозни индиции дека Бугарија стои зад бегството на Ива Михаилова„  и бегањето од одговорноста   и нејасните изјави на актуелниот министер за внатрешни работи, фрлаат  сериозен сомнеж врз искрената намера случајот да добие брза разрешница и оди во прилог на проценките дека од истиот се обидуваат подеднакво да профитираат и двете страни.

2.- На седницата беа разгледани и претстојните задачи со тежиште на одредување на термини и потребните подготвителни организациски и други активности во врска со претстојната седница на Централниот одбор на ПП која треба да се одржи во месец ноември.

3.- На крајот беа разгледани и други прашања во врска со соработката на ПП со Здруженијата на пензионери и другите невладини одрганизации кои се занимаваат и со разгледување и решавање правниот и социјалниот статус на сите ранливи категории на граѓани.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Back to top button