Активности

Годишна Седница на Централниот одбор на Партијата на пензионери

Денес, 14.06.2025 г., во Салонот 19.19 во Работничкиот универзитет “Кочо Рацин”- Скопје, се одржа годишната Седница на Централниот одбор на Партијата на пензионери.
На истата покрај редовните членови на Централниот одбор и Извршниот одбор и Претседателство на Партијата на пензионери присуствуваа и повеќе гости од Општинските организации на ПП од целата земја.
На истата свое обраќање имаше Претседателот на Партијата на пензионери, г-динот Илија Николовски, кој ги потенцираше сите актуелни активности во партијата и се осврна на сите аспекти на сегашното и идното делување на ПП.

На седницата беше презентиран и Извештај за работата на Партијата, во сите свои домени а во периодот помеѓу две седници на Централниот одбор.
Беше извршен и избор на нови членови на органите на Партијата и тоа на:
За Претседател на Централниот одбор на Партијата, едногласно беше избрана г-ѓа Ленче Павловска како и Избор на нови членови на Централниот одбор на Партијата.
Беа избрани и нови членови на Извршниот одбор на Партијата.
Едногласно, за Претседател на Надзорниот одбор на Партијата беше избран, г-динот Ѓорѓи Митриновски.
Исто така беше извршен и Избор на нови членови на Статутарната комисија на Партијата на пензионери.
Беше презентиран и Извештајот на Надзорниот одбор за финансиската работа на ПП за 2024 година.
На крајот во отворена дискусија се расправаше по Извештајот на Претседателот на Партијата и Извештајот на Надзорниот одбор и едногласно се пристапи на нивно усвојување.
Како еден од главните заклучоци на Седницата на Централниот одбор, беше дека Партијата на пензионери и понатаму во иднина ќе остане верна на своите програмски и статутарни определби, за грижа и заштита на уставните права на сите граѓани на Републиката, но секако првенствено на пензионерите, маргинализираните групи во општеството, младите и работниците.
Чесно, Сплотено, Одлучно !!!
Партија на пензионери

ВИДИ ГАЛЕРИЈА.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Back to top button
Партија на пензионери
Skip to content