Соопштенија
Поддршка за донесувањето на Законот за вработените во одбраната
Почитувани,
На денешната 145 Седница на Собранието, Партијата на пензионери го поддржа донесувањето на Законот за вработените во одбраната, со кој се предвидува зголемен стандард за службениците во одбраната, унапредување според МЕРИТ системот и многу други бенефити.
Со овој Закон, вработените во одбраната ќе бидат вреднувани за својата професионалност, посветеност и за местото кое го имаат во одбранбениот систем.
Партија на пензионери