Активности
Состанок со претставниците на Меѓународната Фондација за изборни системи IFES
![](https://ppenzioneri.mk/wp-content/uploads/2024/02/IFES-780x470.jpg)
Почитувани,
Денеска во просториите Партијата на пензионерите, се одржа работен состанок со претставниците на Меѓународната Фондација за изборни системи (International Foundation for Electoral Systems – IFES).
Состанокот помина во срдечна, отворена и работна атмосфера, и на истиот се разговараше за искуствата на ПП во досегашните изборни циклуси на кои учествувала, како и за плановите на партијата за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Претставниците на IFES ги споделија своите согледувања и изразија благодарност за поканата за денешниот состанок. На крајот се донесе заеднички заклучок да се продолжи со заедничката соработка и во иднина.