Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Одлуки од одржаната седницата на Извршниот одбор на ПП

Извршниот одбор на Партијата на пензионери, во проширен состав, на 23.01.2024 год. одржа редовна седница на која, помеѓу другото, се разгледани и усвоени следните стратешки одлуки:
– Партија на пензионери на претстојните парламентарни и претседателски избори ќе продолжи да биде дел од големата Проевропска коалиција, предводена од СДСМ,
– ПП ќе го подржи изборот на пратеникот Јован Митрески за претседател на Собранието и изборот на Талат Џафери за премиер на техничката Влада,
– Да се формира Изборен штаб на ПП, за претстојните парламентарни избори, со кој ќе раководи Генералниот секретар на ПП г-динот Киро Ристовски,
– Да се финализира Изборната програма на ПП, како и сите други предизборни стратешки документи и истите да бидат усвоена на Централниот одбор на ПП.
– Донесени се и повеќе други одлуки кои се во интерес на пензионерите и граѓаните на земјата.

Дополнително е заклучено со консензус дека Партијата на пензионери, како и до сега останува максимално посветена на Европската интеграција на земјата, како единствено оптимална алтернатива за економски и политички просперитет на целото општество, а со самото тоа за иднината на сите граѓани во големото европско семејство каде што и припаѓаме.

Сите граѓани на земјата, вклучувајки ги и пензионерите и младите заслужуваат многу повеќе од подобро во секој сегмент на својот живот, а тоа било, е и ќе остане основен мотив и темелен потик за понатамошното работење на Партијата на пензионери.

Партија на пензионери
Чесно, Сплотено, Одлучно

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content