Нека Новата ’24 донесе сплотеност, мудрост, чесност и истрајност на патот кон подобрата иднина
Партијата на пензионери, на сите пензионери и граѓани на Република Северна Македонија им ја честита Новата 2024 година, со искрени желби за добро здравје, личен успех и благосостојба во сите семејства во државата.
Нека Новата ’24 донесе сплотеност, мудрост, чесност и истрајност на патот кон подобрата иднина.
И во 2024 год. Партијата на пензионери ќе продолжи со својата грижа за подобрување на статусот на пензионерите, зголемување на пензиите и сите други бенефити, преку донесување на новиот закон за Пензиско осигурување. ПП исто така ќе продолжи со подршката на сите политики и активности кои и понатака ќе не водат на патот кон Европската унија, место каде што сите ние припаѓаме.
СРЕЌНА НОВА 2024 година.
Партија на пензионери