Соопштенија

Тематски работен состанок со Претседателот на Владата Димитар Ковачевски

На 22.06.2023 година, Претседателот на Партија на пензионери Илија Николовски и Потпретседателот Миле Андоновски, одржаа тематски работен состанок со Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, со цел поведување иницијатива за креирање и остварување на идни заеднички  правилни пензионерски политики и мерки, со основна цел да се подобри и заштити стандардот и социјалниот статус на пензионерите во земјата.

Отворено во атмосвера на меѓусебно уважување и истакнувајќи ја стабилноста во работата на нашата коалиција, како Партија на пензионери го отворивме прашањето за нужноста од отпочнување на процес за донесување на Закон за минимална пензија, со кој мора да се остварат позитивни придобивки за најзагрозената категорија пензионери.

Покрај останатите прашања, поврзани со Програмата за работа на ПП 2020-2030, на средбата е истакната и потребата од поитно преземање на посебни мерки за финансиска подршка на пензионерите со примања до просечна пензија и тоа како солидарна социјална подршка од државата, која би се реализирала од државниот Буџетот.

Реафирмирајќи ги реалните придобивки за пензионерите кои ги оствари оваа Влада предводена од Премиерот Ковачевски, а кои овозможуваат, со идното усогласување во септември о.г., пензиите за една календарска година да оствараст раст од околу 25%, заеднички заклучивме дека само како партнери кои меѓусебно се уважуваат и почитуваат, но и кои правилно ги согледуваат вистинските финансиски можности на државата, можеме во разумен рок да ја оствариме целта пензиите да овозможат достоинствен живот на секој пензионер.

Во Скопје, 22.06.2023 година                                           ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content