Соопштенија

РЕАФИРМИРАЊЕ НА СООДНОСОТ НА МИНИМАЛНАТА И ПРОСЕЧНАТА ПЕНЗИЈА СО МИНИМАЛНАТА И ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА

РЕАФИРМИРАЊЕ НА СООДНОСОТ НА МИНИМАЛНАТА И ПРОСЕЧНАТА ПЕНЗИЈА СО МИНИМАЛНАТА И ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА    

Извршниот одбор на ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, на седницата одржана на 28.05.2021 година донесе заклучок да ја реафирмира во јавноста својата програмска определба, во разумен рок до крајот на о.г., законски да се регулира

Поради затекната неповолна состојба со износот на пензиите, кои за голем број на пензионери, долг низ на години се под прагот на егзистенцијалниот минимум, ИО на ПП донесе заклучок, реафирмирајќи ја својата програмска определба, да покрене иницијатива и да побара подршка во рамки на Собранието со закон да се регулира соодносот на минималната и просечната пензија со минималната и просечната плата.

Исто така, во духот на претходниот заклучок, ПП ќе покрене кампања за подршка на ставот, со измени во Законот за ПИО, да се создадат норми пензиите повторно да се усогласуваат со порастот на платите и порастот на трошоците на живот, бидејќи праксата покажа дека токму таквиот модел е најправичен и овозможува долгорочно социјално прифатливо и одржливо решение за најголемиот број на корисници на пензија.

Извршниот  одбор на ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, разгледувајќи ја актуелната состојба со „Законот за легализација на дивоградбите“, иако генерално ја подржува потребата од донесување на таков закон, заклучи дека, при неговото повторно разгледување во Собранието, пратениците имаат обврска да постапат визионерски, така што примарно ќе се заложат  долгорочно да се зачува општиот јавен интерес, без притоа да го нарушат принципот за еднаквост на правата и обврските на граѓаните, како и уставноста на одредбите на законот.

 

Во Скопје, 28.05.2021 година                                     ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ                            

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content