Активности

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Силна поддршка на политиките на владата

На последниот состанок од 2020 година на Извршниот одбор на ПП во проширен состав претседателот на ПП Илија Николовски ги информираше присутните за реализацијата на реформите и на зацртаните цели во Програмата на Владата, при што посебно се задржа на напорите на Владата за изнаоѓање на решение за проблемите кои ги имаме со Бугарија.

Во продолежение претседателот Николовски информираше за состојбата во Собранието при донесувањето на закони од интерес за граѓаните, задржувајќи се на оние закони кои свесно ги блокира опозицијата, како што се Предлог закон за работни односи, Предлог закон за внатрешни работи, Предлог закон за државна администрација, Предлог закон за здравствена заштита и тн.

Во таа насока членовите на Извршниот одбор беа информирани и за планираните активности и планови на Владата за идната година. Во тој контекс претседателот на ПП посебно се задржа на Петтиот пакет на мерки кои се предвидуваат, а во тие рамки ја потенцираше иницијативата за европски стандарди дома наречена „Акција-21“. Во таа смисла претседателот Николовски детално ги образложи приоритетите од планот „Акција-21“ како што се:

  • Прочистување на судството, каде ќе бидат иницирани законски измени за судството и јавното обвинителство и на тој начин сите оние кои се огрешиле од законот ќе бидат отстранети од овие институции,
  • Одлучна борба против корупцијата и организираниот криминал,
  • Измена и дополнување на Законот за данок на имот,
  • Законски измени за легализирање на автомобилите со странски регистарски таблички,
  • Легализација на парите кои граѓаните ги чуваат дома т.н. „мртов капитал“, односно истите да се стават во промет што ќе донесе добивка за граѓаните, раздвижување на финансискиот пазар и нови инвестиции. При тоа, во координација со ЕУ ќе се отвори јавна дебата планирана до месец јуни следната година.
  • Заштита на животната средина, при што ќе се засили ангажманот на државните органи и ќе се стават во употреба 100 милиони денари за замена на нееколошките ситеми за греење, за зголемување на енергетската ефикасност и за обновување на урбаното зеленило.
  • Легализација на канабисот за медицински цели за што ќе се прошири листата на дијагнози за кои е дозволено лечење со медицински канабис. Секако и за оваа мерка ќе се отвори јавна дебата до јуни 2021 година, а во консултација со ЕУ.
  • Во рамките на приоритетите на иницијативата „Акција-21“ ќе биде и борбата против ширењето на лажни вести и говорот на омраза што во последно време опозицијата многу често го применува. Но, и не само опозицијата, туку и други деструктивни сили во регинот и пошироко. Такви тенденции веќе се препознаваат во вестите поврзани со вакцината против Ковид-19 со цел да предизвикаат недоверба кај граѓаните. Со цел разобличување на обидите и дезинформациите ќе превземаат организирани мерки и активности за подобрување на Медиумската писменост на населението.

По богатата дискусија Извршниот одбор во проширен состав заклучи дека Партијата на пензионери дава силна подршка на Владата на Република Северна Македонија за реализираните планови и реформи и за зацртаните планови и активности во наредната 2021 година.

На крајот претседателот Николовски ги информираше присутните дека на 03.04.2021 истекува регистрацијата на Партијата на пензионери, а според Законот за политички партии давање на изјави за основање пред нотар започнува 90 дена пред тој рок што значи 05.01.2021 година, а завршува на 02.04.2021 година. Во врска со тоа претседателот издаде прецизни задачи како да се реализира оваа активност со почитување на сите безбедносни мерки за заштита од Ковид-19.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Skip to content