Обраќања

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НА ГЛАСАЊЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ НА НАШИТЕ ПОТОМЦИ

Драги сопартијци,

Ние, пензионерите, сме луѓе со големо животно искуство. Големото животно искуство направило од нас мудри луѓе. Сите имаме свои деца, внуци.  Некои од нас имаат и правнуци, а некои  млади блиски роднини со кои живеат во заедничко домаќинство.

Мудрите луѓе гледаат далеку, гледаат широко, размислуваат длабоко и мислат за подбора иднина на своите потомци и своите најблиски. Возрасни сме. Пред нас се десет, дваесет и некоја годиница повеќе живот. Наша света должност е остатокот од животот да го посветиме на најубавото на овој свет. Тоа е борбата за подобар живот на идните генерации, на нашите деца, на нашите внуци и правнуци, на нашите најмили. Ние треба да се трудиме колку што е можно повеќе да  направиме за нив во остатокот од нашиот живот, бидејќи подмолна болест или некоја трагична случајност можат да го прекинат.

15 јули е ден кој треба да влезе во историјата на нашава драга татковина со голема победа на коалицијата „Можеме“. Да излеземе масовно на избори и да гласаме за коалицијата „Можеме.“ Конечно да ги затвориме вратите на криминалот, корупцијата, уништувањето на општествените вредности, на изолацијата и назадувањето кои може да ни го донесе ВМРО-ДПМНЕ со неговите слугински партии. Со гордо крената глава да одиме напред кон отворените врати на ЕУ, кон подобар живот во општество на средна класа, кон посветла иднина  за идните генерации, за нашите потомци.

За иднина каква што сакаме, ние, во последниве три години на власт, постигнавме значајни резултати, а можеме уште многу повеќе. Иднината е пред нас. Ние не се задоволуваме со постигнатото. Ние си поставуваме уште посложени и потешки задачи во борбата за подобар живот на нас, а посебно на нашите потомци. Единството на нашите редови и челичната волја во борбата за подобра иднина се услов за да ги постигнеме тие резултати. Целите и идеите кои што се запишани во нашата програма и во програмата на коалицијата „Можеме“ се патоказ за нашата борба, обврска и чест на секој член на Партијата на пензионерите. НАПРЕД КОН ПОДОБАР ЖИВОТ ВО СУВЕРАНАТА САМОСТОЈНА, ДЕМОКРАТСКА И СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА – РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. НАПРЕД КОН ГОЛЕМОТО, ДЕМОКРАТСКО И БОГАТО ЕВРОПСКО СЕМЕЈСТВО НА НАРОДИТЕ. НАПРЕД СО КОАЛИЦИЈАТА „МОЖЕМЕ“.

Прикажи повеќе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Skip to content