ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ – ПОВЕЛБА ЗА ПОСВЕТЕНОСТ
СВЕСНИ
дека знаеме, умееме, можеме и сакаме да придонесеме за позитивни промени во општеството и државата
УВЕРЕНИ
дека сме и дека можеме и понатаму да бидеме полезни членови на општествената заедница
УБЕДЕНИ
дека ни пред себе, ниту пред членовите на своите семејства и фамилии, како ни пред било кој друг немаме право, или оправдување и понатаму само да констатираме немоќ и трпение
СПЛОТЕНИ
околу својата ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, како солидна опција за промовирање, зачувување, негување и развивање на семејството, традицијата и другите општествени вредности
ОДЛУЧНИ
да го вратиме изгубеното достоинство, почит и спокоен живот, прогласуваме
ПОВЕЛБА ЗА ПОСВЕТЕНОСТ
со која се заветуваме пред пензионерската популација во Македонија, пред семејствата и пред нашата младина, дека своите племенити намери, знаење, искуство и добра волја, заедно со себе, ќе ги ставиме во служба на напредокот на граѓаните и државата, демократијата, хуманизмот, слободите, еднаквоста, владеењето на правото и правната држава, социјалната правда, човековите права и прифатените универзални вредности, при што, патокази на тој пат ќе ни бидат работа, чест, достоинство, одговорност, интегритет, емпатија, толеранција, солидарност и патриотизам
Скопје, 07 март 2020 година