Соопштенија
Честит 8-ми септември
Партијата на пензионери, на сите граѓани им го честита 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Северна Македонија.
На овој ден, граѓаните на државата, донесоа визионерска, историски храбра и вековна одлука за своја сопствена, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци.
Денес мораме да продолжиме да чекориме успешно на патот на развојот и просперитет. По патот на реформи за подобар живот, борба за економски развој , битка за нови работни места и посветеност за целосна интеграција на нашата држава во Европската Унија и да продолжиме да работиме за просперитетна и сигурна иднина на нашата младина.
Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември.