Активности

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Работен состанок со Сојуз – Национален совет за родова рамноправност

Денес на ден 19.07.2023 г. во просториите на Партијата на пензионери се одржа работен состанок со делегацијата на Сојуз – Националниот совет за родова рамноправност (НСРР).
Делегацијата на НСРР ја предводеше Претседателката г-ѓа Савка Тодоровска а делегацијата на ПП лично ја предводеше Претседателот на ПП г-динот Илија Николовски и Генералниот секретар г-динот КироРистовски.
Во текот на средбата, во пријателска и отворена атмосфера, беше разговарано за допирните точки на дејствување при што се презентирани информациите за суштинските и темелните активности на двете организации.
Заклучено е дека ќе се продолжи со заедничките средби но и со конкретната взаемна поддршка за активностите и ангажманите на ПП и НСРР, а кои се однесуваат на мерки и чекори кои би се превземале за добробит на сите граѓани на државата а во согласност со програмските определби на ПП и НСРР.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content