Соопштенија

Состанок на Претседателството на Партијата на пензионери

На ден 16.06.2023 г. се одржа состанок на Претседателството на Партијата на пензионери, во проширен состав.

На истиот се изврши анализа на подготовките и реализацијата на 3 Конгрес на ПП, за што реферира Претседателот на Организациониот одбор на конгресот, Генералниот секретар на ПП Киро Ристовски, при што беше констатирано дека сите подготовки а посебно реализацијата на 3 Конгрес на ПП помина во одлична работна и конструктивна атмосфера, и истиот беше оценет како многу успешен.

На состанокот исто така беше расправано за сите останати работни задачи кои претстојат пред Партијата на пензионери во наредниот период а кои се целосно во правец на интересите на сите пензионери во општеството.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content