Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Дијалог во рамки на владејачката коалиција

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), во следниот период, низ интензивен дијалог во рамки на владеечката коалиција, своите политички активности примарно ги насочува кон утврдување на износот на минималната пензија, како и реализирање на програмските определби на партијата за подобро здравство и услуги за сите, особено за пензионерите.
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), на седница на Извршниот одбор, одржана на 01.04.2022 година, по констатирање дека е исполнета целта, од Програмата на ПП, за изменување и дополнување на член 37 од Законот за ПИО, со остварување на придобивката пензиите покрај со порастот на трошоци на живот да се усогласуваат и со порастот на просечната плата во земјата, донесе заклучок да ја интензивира својата политичка активност, во рамки на владеечката коалиција, за утврдување на износот на минималната пензија и донесување на нова методологија за начинот, формата и изворите на средства од кои таквата пензија ќе се исплаќа, со цел остварување на:
– ГАРАНТИРАН МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА СТАРОСНА И ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА 70% ОД МИНИМАЛНА ПЛАТА;
– ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА 60% ОД ПРОСЕЧНА ПЛАТА;
– РЕДОВНА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИИ СО ПОНИЗОК ИЗНОС ОД МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА (семејна, земјоделска).
Исто така, утврдени се и конкретните мерки, од областа на здравството, насочени кон континуирано подобрување на здравствените услуги и ослободување, или намалување на трошоците на пензионерите кои се корисници на таквите услуги.
Покрај наведеното Извршниот одбор на ПП, согласно со Статутот на ПП, ги отпочна подготвителните дејствија за организирање на изборни активности за избор на нови органи и раководство на партијата.
Во Скопје, 03.04.2022 година                                                                                   ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ
Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content