Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата

На иницијатива на ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, Собранието денеска го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со решенија кои се во интерес и на повозрасните возачи.

Партија на пензионери со нескриено задоволство ги информира повозрасните граѓани на земјата дека, денеска на 16.12.2020 година, Собранието на РС Македонија го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кој на иницијатива на ПП, а со консензус на коалиционите партнери, покрај другите измени, со членовите 304 став 1 и 4 и 325 став 1 се  донесени поповолни одредби за повозрасните граѓани, кои учествуваат во сообраќајот како возачи.

Имено Партијата на пензионери, врз основа на компаративна анализа за законски решенија од оваа област во развиените демократски земји во Европа и светот, преку Претседателот на ПП – Пратеник Илија Николовски, предложи измени и дополнувања со кои се крева старосната граница за продолжување на возачките дозволи од 70 на 75 години, се зголемува периодот на нивно важење, како и периодите за задолжителен здравствен преглед.

Со донесувањето на овие законски одредби значително ќе се намалат трошоците за продолжување на важноста на возачките дозволи на повозрасните граѓани, но истото ќе придонесе и за намалување на перцепцијата за дискриминација по возраст во нашата земја.

 

 

Во Скопје, 16.12.2020 година                                     ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ                            

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content